Oppo потврди дека Find N5 ќе биде претставен на глобално ниво во исто време како и во Кина.

Кинеската компанија Oppo објави дека нејзиниот претстоен телефон на преклопување Find N5 ќе биде претставен на глобално ниво во исто време кога ќе дебитира во Кина за две недели.

Знаеме дека Oppo Find N5 на социјалните мрежи се опишува како најтенкиот телефон на светот со флексибилен екран.

Овој преклоплив модел е едвај потенок од USB-C порта. За споредба, USB-C приклучокот има минимална дебелина од 2,6 милиметри.

Дополнително, потврдено е дека Oppo Find N5 ќе има чипсет Snapdragon 8 Elite, поддршка за безжично полнење од 50 W и сертификат за отпорност на вода IPX9.

Титулата за најтенкиот телефон на преклопување моментално ја носи Honor Magic V3, со дебелина од 4,35 милиметри. Ова значи дека Find N5 треба да биде дебел близу 4 mm.