Говорејќи за време на воведното обраќање на CES 2025 во Лас Вегас, извршната директорка на Twitter (X), Линда Џакарино го пофали Цукерберг.

Таа ја опиша одлуката на Мета да стави крај на долгогодишната програма „fact-checker“ и да ги спроведе белешките од заедницата (Community notes) како „возбудлива“.

Џакирино и нејзиниот работодавец Елон Маск се залагаа за функцијата за проверка на факти што Мета сега планира да ја имплементира на своите услуги.

„Мислам дека е навистина возбудливо кога мислите дека белешките од заедницата се добри за светот… нема поголемо одобрување за тоа отколку кога ќе видиме дека и Марк и Мета го добиваат тоа“, рече Џакарино.

„Марк, Мета, добредојдовте на забавата“, додаде директорката на платформа Х.

Иако X често го фали бројот на корисници кои придонесуваат за белешките на заедницата, некои истражувачи укажаа на недостатоците на оваа функција.

Во минатогодишниот извештај на истражувачите за дезинформации од Центарот за борба против дигитална омраза (CCDH) се вели дека многу погрешни објави, вклучително и истакнати објави на самиот Маск, можат да соберат милијарди прегледи без да добијат корекција.