По многубројните протекувања, уште една потврда доаѓа од угледен извор.
Веќе знаеме дека оваа година може да очекуваме освежена верзија на iPhone SE. Заедно со телефонот, најверојатно ќе видиме и нов iPad, според аналитичарот Марк Гурман.
Гурман сугерира дека претстојниот iPhone SE моментално е во фаза на тестирање со софтверот iOS 18.3 и најверојатно ќе биде лансиран пред да биде објавен iOS 18.4.
Yes, the new iPads and iPhone SE replacement are being developed on the iOS 18.3 train – but that doesn’t mean they launch together this month. It means they’ll launch before iOS 18.4, by April if all goes to plan. https://t.co/qaMSH1ImSW
— Mark Gurman (@markgurman) January 7, 2025
Аналитичарот спомена и нови модели на iPad, што значи дека новиот основен iPad ќе добие надграден чипсет и поддршка за Apple Intelligence, а се очекува и нов модел на iPad Air.
Претстојниот iPhone SE би можел да има поинакво име, при што се споменува iPhone 16E. Се очекува телефонот да изгледа како Phone 14, а ќе има 6,1-инчен Super Retina XDR OLED дисплеј и засек со Face ID сензор.
Ќе се напојува од чипсетот Apple A18 во комбинација со 8 GB меморија и поддршка за Apple Intelligence.
На задната страна на телефонот би требало да има камера од 48 MP, додека на предната страна ќе биде достапен сензор за селфи од 12 MP. Очекуваната цена на новиот модел на iPhone SE е 499 долари.