Две компании кои доминираат во полето на споделување фотографии и други визуелни содржини решија да се спојат.

Getty Images Holdings и Shutterstock постигнаа договор за спојување со кој ќе се создаде компанија за споделување визуелна содржина во вредност од 3,7 милијарди долари.

Овој договор меѓу двете компании дојде како одговор на огромниот раст на побарувачката за фотографии и соодветните придружни елементи од различни платформи и креатори на содржини.

Крег Питерс, извршниот директор на Getty, ќе остане на чело на овој нов комбиниран проект.

Пред да се потпише договорот, ќе треба да биде одобрен од акционерите на двете компании, како и од соодветните регулаторни тела.