Лансирањето на ракетата New Glenn од компанијата Blue Origin на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано во последен момент поради технички проблеми.

Висока околу триесет ката и дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата New Glenn требаше да биде лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида.

Ракетата го ресетираше своето одбројување повеќе пати, надминувајќи ја временската рамка за лансирање поставена за 4 часот наутро по локално време. Портпаролката на компанијата рече дека тимот на компанијата истражува „неколку аномалии“.

„Го откажуваме денешниот обид за лансирање да го решиме проблемот со потсистемот на вселенското летало што ќе предизвика да го надминеме рокот за лансирање“, се вели во соопштението на Blue Origin.

„Ги истражуваме опциите за нашиот следен обид за лансирање“, се додава во соопштението. Лансирањето би можело да биде одложено за најмалку 24 часа, но најверојатно ќе потрае подолго бидејќи се работи за мисија со висок ризик.

Blue Origin е компанија основана од основачот на Amazon, Џеф Безос, во исто време кога Илон Маск, сопственик на Tesla, а подоцна и на платформата X, ја основа својата компанија SpaceX. Но, компанијата на Маск оттогаш лансираше повеќе од 400 ракети во орбитата, додека онаа на Безос не лансираше ниту една, пишува Би-би-Си. Безос се повлече од функцијата извршен директор на Amazon во 2021 година за да се фокусира на Blue Origin.