Компанијата Xioami го потврди датумот на објавување на глобалните модели на телефони од серијата Redmi Note 14.

Брендот Redmi планира да го одржи својот нов настан на 10 јануари, за време на кој ќе ја лансира серијата телефони Redmi Note 14 на глобално ниво.

Серијата Redmi Note 14 официјално дебитираше во Кина во септември 2024 година, по што беше објавена во Индија.

Не чекаат три телефони, па Redmi Note 14, Note 14 Pro и Note 14 Pro+ конечно ќе станат достапни на меѓународните пазари.

Покрај телефоните, на оваа презентација се очекува да видиме и неколку паметни уреди, меѓу кои и Redmi Buds 6 Pro слушалките и часовникот Redmi Watch 5.