Влеговме во 2025 година, а Valve објави листа на најуспешни игри од претходната година.

Steam постигна голем успех во текот на 2024 година. Платформата и launcher-от на игрите во текот на 2024 година постојано поставуваа нови рекорди за бројот на симултани играчи. Новиот рекорд е 39,3 милиони играчи кои биле на Steam во исто време.

Покрај тоа, Valve заработи милијарди долари преку купување игри и монетизација. Меѓу игрите со најголема заработка се некои новитети, како што се Helldivers II, Palworld и Black Myth: Wukong. Сите споменати игри се продадени во повеќе од 10 милиони примероци.

Листата објавена од Valve ги вклучува 10-те игри со најголема заработка на Steam во текот на 2024 година. Сепак, важно е да се напомене дека игрите се наведени по случаен избор и нема индикации за тоа колку пари заработил секој наслов во изминатата година.

Листата на Топ 10 игри со најголема заработка во 2024 година вклучува:

  • Apex Legends
  • Warhammer 40,000: Space Marine 2
  • Black Myth: Wukong
  • HELLDIVERS 2
  • ELDEN RING
  • PUBG: BATTLEGROUNDS
  • Destiny 2
  • Dota 2
  • Call of Duty: Black Ops 6
  • Palworld
  • Baldur’s Gate 3
  • Counter-Strike 2

Се очекува 2025 година да биде исклучителна и многу важна година за видео игрите, бидејќи се очекуваат неколку наслови кои треба да постигнат огромни успеси во однос на продажбата и заработката. Сепак, некои од нив, како Grand Theft Auto 6, нема да бидат достапни на платформата Steam од самиот почеток.