Во текот на оваа година се очекува Apple да го претстави новиот iPhone SE, а тоа го сугерираат бројните гласини од претходните месеци.
Последен пат iPhone SE го видовме во 2022 година, па време е за нов модел. Многумина очекуваа Apple едноставно да го нарече новиот уред iPhone SE, новите гласини сугерираат дека тоа можеби нема да се случи.
Дојавувач објави на платформата X дека следниот буџетски телефон на Apple нема да се вика iPhone SE, туку iPhone 16E.
Based on what my source has reported, it seems that the new iPhone that Apple will unveil in 2025 will not be called iPhone SE4, but iPhone 16E. It should feature a design similar to the iPhone 14, with an OLED display and an action button. The available colors will be white and… pic.twitter.com/Vm8DCh1Xo0
— Majin Bu (@MajinBuOfficial) December 31, 2024
Тоа дефинитивно би бил интересен потег на компанијата од Купертино, која би го имплементирала SE во главното семејство на iPhone. Досега линијата SE беше целосно одвоена и секогаш изгледаше малку запоставено.
Во меѓувреме, се појави и фотографија од заштитниот капак за iPhone 16E. Телефонот би требало да биде достапен во црна и бела боја, а дизајнот на iPhone 16E треба да потсетува на iPhone 14. Се очекува да има OLED екран и да поддржува Face ID за прв пат.
Деновиве се појавија информации и за можната цена на телефонот, а доколку се точни гласините, ќе чини 499 долари. За тоа добивате поголем екран, поддршка за Face ID, 8GB RAM, како и чипсет A18 и главна камера од 48MP.
Поврзани артикли