X ја зголеми цената на претплатата на Premium Plus за речиси 40 проценти.
Платформата X, во сопственост на Илон Маск, ја зголеми цената на својот најексклузивен претплатен пакет во неколку региони, а причината е зголемувањето на исплатите на награди на креаторите на содржини на оваа платформа.
Зголемувањето на цената на претплатата на Premium Plus стапи на сила на 21 декември. Така, во САД цената е покачена од 16 на 22 долари месечно, а на годишно ниво изнесува 229 долари (наместо досегашните 168 долари).
Многу европски земји, како Франција, Германија и Шпанија, се погодени од слични зголемувања, каде месечната претплата на X Premium Plus се зголеми од 16 на 21 евро.
Повисоките цени на претплатата важат веднаш за новите претплатници, додека новите цени за постоечките претплатници од 20 јануари. Цената на основната претплата на X останува непроменета.
X вели дека овие промени сега им помагаат на креаторите на содржини да заработат повеќе на оваа платформа на поголем и подиректен начин. Дополнително, претплатниците на Premium Plus ќе имаат приоритет кога станува збор за корисничка поддршка, ќе добијат пристап до дополнителни функции и ќе имаат пониски ограничувања на услугите како што се моделите на Grok AI.