Екипата на Wargaming одлучи да се одмори од тенковите и бродовите, но тие не се оддалечија премногу од познатиот терен.
Имено, тие ја претставија својата нова игра наречена Steel Hunters во која има и гаѓање со тешки оклопи, но овде имаме „mech“ тема и контрола на механички џинови слични на маринците од Warhammer франшизата.
Steel Hunters носи пукање и борба со перспектива на трето лице, графиката изгледа прилично привлечна и користи формат на игра PvPvE, што значи дека играчите се борат еден против друг и против компјутерот во исто време.
Wargaming ја опишува оваа игра како натпреварувачки наслов во кој брзите рефлекси не се доволни, туку играчите мора да се потпрат и на добри тактики.
Во случај да се прашувате, Stell Hunters исто така има заговор: се случи апокалипса, а вие, како ловци (Hunters), се обидувате да соберете вонземски ресурс наречен Starfall.
Тоа е отприлика целата мотивација што ви е потребна за да разбиете и уништите сè околу вас – и онака Земјата е веќе уништена.
Steel Hunters е во развој за компјутер како бесплатен наслов за играње. Може да го играте на Steam во моментов ако се пријавите за тестирање до 22 декември.
Поврзани артикли