Заврши уште една церемонија на The Game Awards, која како и секогаш ни донесе неколку убави изненадувања.

За почеток, да започнеме со апсолутниот победник – ексклузивецот на PlayStation 5, Astro Bot, е прогласен за најдобра игра за 2024 година, а има и најмногу награди.

„Бев дете во 1989 година и добив сива кутија и игра во неа. Тоа беше Super Mario Brothers и беше одлично. Сакав да и оддадам почит на компанијата која навистина ни покажа иновативност и постојан квалитет, и тоа нè натера да не инспирираме да направиме ваква игра“, изјави директорот на студиото Asobi, Николас Дусет.

Nintendo, додуша, не освои ништо на доделувањето, но барем церемонијата беше прекрасна и се појавија познати личности како Харисон Форд и Снуп Дог. Сите победници по категории можете да ги видите на овој линк.

Наградата за најдобра дебитантска инди игра ја доби Balatro, видео игра во стил на покер. Истиот наслов беше прогласен и за најдобра мобилна игра, како и за најдобра независна игра. Шефовите на студиото LocalThunk кои стојат зад Balatro ја пофалија целата инди сцена во својот говор.

Покрај наградите, видовме и многу интересни најави за нови видео игри. Така, на самиот почеток на церемонијата беше најавен Elden Ring: Nightreign, за кој беше прикажан и трејлер. Следно, студиото што го направи It Takes Two најави игра за двајца наречена Split Fiction, која ќе излезе во март.

Најавени беа и игрите како Dispatch, нова франшиза од Naughty Dog наречена Intergalactic: The Heretic Prophet и секако, да не заборавиме, беше прикажан трејлер од шест минути за The Witcher 4, кој ќе се фокусира на Ciri, а не на Geralt.