Експертите им препорачуваат на корисниците внимателно да ги прегледаат дозволите што ги бараат апликациите при инсталацијата и да преземаат апликации само од доверливи извори.
Експертите за сајбер безбедност ги предупредуваат корисниците на паметни телефони за три апликации кои иако навидум се безопасни, собираат лични податоци без знаење на корисникот. Овие апликации често се претставени како корисни алатки, но во позадина можат да собираат чувствителни информации, пишува списанието Fenix.
Апликации за светло (Flashlight Apps)
Иако повеќето паметни телефони доаѓаат со вградена функционалност на светло, дополнителните апликации за оваа намена може да бараат непотребни дозволи, како што се пристап до контакти или локација. Според извештајот на Wired, некои од овие апликации постојат исклучиво за собирање лични информации на корисниците.
Апликации за временска прогноза
Иако е разбирливо дека овие апликации треба да имаат пристап до вашата локација за да обезбедат точни информации, некои од нив собираат и дополнителни податоци, како што се вашето име, адреса на е-пошта, па дури и домашна адреса. Експертите советуваат да се внимава при користење на вакви апликации и препорачуваат да се провери временската прогноза преку сигурни извори.
Популарни игри
Некои популарни игри, како што е Angry Birds, може да собираат лични информации на корисниците и да ги споделат со трети страни. Според извештаите, дури и разузнавачките агенции како НСА ги хакирале базите на податоци на таквите игри поради големата количина на собрани информации.
Експертите ги советуваат корисниците внимателно да ги прегледаат дозволите што ги бараат апликациите при инсталацијата и да преземаат апликации само од доверливи извори. Исто така, редовното ажурирање на апликациите и оперативниот систем може да го намали ризикот од неовластено собирање податоци.