Синоќа астероид, официјално наречен 2024 XA1, влезе во атмосферата на Земјата и изгоре над Сибир, осветлувајќи го небото со драматична огнена топка.
Објектот со дијаметар од околу 70 сантиметри е откриен само 12 часа пред да влезе во атмосферата, а сцената ја снимиле жители на регионот Јакутија.
The first videos of the #asteroid #C0WEPC5 entry in #Russia are coming out on @telegram . It appears to be very similar to previous asteroid entires (2022 WJ, 2023 CX1, 2024 BX1). Lots of fragments at the end, it probably dropped some rocks in a remote forested area. pic.twitter.com/LnVyTMA7oO
— Denis Vida (@meteordoc) December 3, 2024
Европската вселенска агенција објави на социјалните мрежи дека астероидот влегол во атмосферата во 17:15 часот по средноевропско време.
„Астероидот со привремена ознака #C0WEPC5 влезе во атмосферата над Јакутија, создавајќи спектакуларна огнена топка на која многумина сведочат“, се вели во соопштението на Европската вселенска агенција.
☄️Footage of an asteroid entering Earth's atmosphere, passing over Russia’s Siberian republic of Yakutia in the early hours of Wednesday (3 December) morning.
The asteroid measured an estimated 70cm, according to the European Space Agency (ESA). pic.twitter.com/YSGrdv6Fsf
— Euronews Next (@euronewsnext) December 4, 2024
„Тоа беше откриено само 12 часа пред ударот и се проценува дека имало дијаметар од околу 70 сантиметри“.