Xiaomi се подготвува официјално да го претстави новиот модел Xiaomi 15 Ultra на почетокот на следната година. Сега се појавија нови информации за него.

Познатиот типстер Digital Chat Station, кој ретко греши, на социјалните мрежи објави нови детали во врска со спецификациите на телефонот Xiaomi 15 Ultra.

Како што наведува, 15 Ultra ќе има LTPO AMOLED екран со дијагонала од 6,73 инчи и резолуција од 1.440 x 3.200 пиксели, со брзина на освежување до 120 Hz.

Што се однесува до процесорот, овој модел би требало да го придвижува чипсетот Snapdragon 8 Elite, а камерите би требало да бидат негов најголем адут.

View on Threads

За почеток, има главна камера од 50 MP со отвор на бленда од f/1,63, заедно со сензор од еден инч. Понатаму, има short-distance телефото камера со 2x оптички зум, исто така од 50 MP.

Системот на камери го комплетира перископската телефото камера со 4,3x оптички зум од 200 MP.

Xiaomi 15 Ultra ќе има батерија со капацитет од 5.450 mAh до 5.800 mAh, а телефонот ќе се отклучува со помош на ултразвучен скенер за отпечатоци.

Неодамна, инаку, во кинеските медиуми се појавија информации дека Xiaomi подготвува сопствен процесор за телефони, а компанијата се реши на овој потег за да ја намали зависноста од чиповите на Qualcomm и MediaTek. Масовното производство на чиповите наводно ќе започне следната година, а првите телефони со овие чипови ќе бидат пуштени во продажба во текот на 2025 година.