Samsung го претстави Galaxy Ring летово, а неговиот наследник се очекува следната година.
Наследникот на Galaxy Ring, кој би можел да се нарече Galaxy Ring 2, дефинитивно доаѓа, но може да се појави порано од очекуваното. Непотврдени гласини укажуваат на тоа.
Изворот на оваа информација не понуди детали за точниот датум на објавување на новиот паметен прстен на Samsung, па ни остануваат само претпоставки.
Јануари и објавата со серијата Galaxy S25 се чини прерано, додека јули (кога се очекува следната серија на телефони на преклопување од јужнокорејската компанија) не изгледа доволно брзо. Можно е Galaxy Ring 2 да пристигне некаде помеѓу овие два настани.
Во секој случај, кога ќе се појави, Samsung Galaxy Ring 2 треба да понуди подобра батерија во споредба со оригиналниот модел, а исто така ќе биде и потенок.
Покрај тоа, ќе има и некои нови функции. Нема премногу детали, но многумина се надеваат дека NFC за плаќање ќе биде еден од новитетите.
Секако, бидејќи се работи за гласини, треба да се земат со резерва, додека не добиеме некоја поконкретна информација.