Споровите, кои со месеци траат меѓу Илон Маск и властите на Бразил, се чини дека завршија. Барем засега.
Платформата X конечно се враќа онлајн во Бразил, откако официјалните лица во земјата ја укинаа забраната што ја одржуваше услугата офлајн во последните пет недели.
Врховниот судија Александар де Мораеш во вторникот им рече на регулаторите дека би можеле да преземат чекори за враќање на функционалноста на услугата откако компанијата ги исполнила барањата на судот.
X is proud to return to Brazil. Giving tens of millions of Brazilians access to our indispensable platform was paramount throughout this entire process. We will continue to defend freedom of speech, within the boundaries of the law, everywhere we operate.
——————-
O…
— Global Government Affairs (@GlobalAffairs) October 8, 2024
Ваквата наредба на тој начин, барем засега, става крај на споровите кои веќе извесно време траат меѓу Илон Маск и Мораеш.
„Х е горд што се враќа во Бразил. Давањето пристап на десетици милиони Бразилци до нашата незаменлива платформа беше клучно во текот на овој процес“, се вели во соопштението на „Х“, „Ќе продолжиме да ја браниме слободата на говорот, во рамките на законот, секаде каде што работиме“.