Изгледа дека Google планира изненадувања со претстојното ажурирање на Android 16.
Со години, Google се држеше до азбучна (или алфабетна) шема за кодирање на верзии на Android. Од Cupcake (Android 1.5) до поновите имиња како Upside Down Cake (Android 14) и Vanilla Ice Cream (Android 15), овие кодни имиња понудија забавен начин за следење на развојот на оперативниот систем.
Сепак, се чини дека компанијата сега прави ненадејна промена на именувањето, па се верува дека Android 16 ќе го носи кодното име „Баклава“. Повеќето луѓе од овие простори знаат за десертот баклава.
Не е познато зошто Google одлучи да го промени системот за именување, бидејќи „по правило“ следното име треба да биде бонбона што започнува со буквата „W“. Сепак, Google не ги отфрла целосно десертите, па името Баклава сепак одговара на темата.
Името на следната верзија на Android е извлечено од референтниот код, кој е содржан во рамката за кодирање на Android Open Source Project (AOSP).
Се сугерира дека оваа промена би можела да биде дел од новиот процес на развој на Google за Android OS, кој беше претставен со верзијата Android 14.
Првото издание во рамките на тој проект беше Android 14 QPR2 во март, кој со себе донесе нов систем за именување на идентификација. Наместо да започнуваат со „U“ за „Upside Down Cake“, ID-овите сега почнуваат со буквата „А“.
Така, верзијата на Android следната година, која треба да биде Android 16, ќе користи build ID што започнува со буквата „B“, што објаснува зошто Google избра „Baklava“ за кодното име на Android 16.