Duolingo е познат по своите лекции по странски јазици, но сега има уште еден производ под овој бренд.
Тоа е, верувале или не, мал пренослив синтисајзер и тоа во соработка со компанијата Loog. Покрај јазикот, апликацијата Duolingo содржи и часови по музика, па затоа ова е причината за оваа одлука.
Црвената боја на постоечкиот преносен инструмент Loog е заменета со зелената што е типична за Duolingo, а доаѓа и со паметно поставен држач за мобилен телефон.
Овој дигитален инструмент има дирки со три октави, вградени стерео звучници и батерија што се полни. Може да се користи и како стандарден MIDI контролер со USB-C, а има и приклучок за слушалки.
Со оваа верзија се вклучени и Duolingo картички и, се разбира, може да се интегрира и со апликацијата Duolingo. Цената е околу 250 долари, а испораките почнуваат од ноември.
Поврзани артикли