Генералниот суд на ЕУ со седиште во Луксембург ја поништи претходно изречената антимонополска казна против Google во износ од 1,49 милијарди евра.
Казната беше изречена пред пет години за наводно мешање на конкурентите како Yahoo или Microsoft во онлајн рекламирањето, но Генералниот суд сега утврди дека европските регулатори направиле одредени пропусти во истрагата, пренесува Reuters.
Судот во Луксембург најмногу се согласувал со заклучоците од претходната истрага, но поради споменатите пропусти ја поништил казната од речиси 1,5 милијарди евра.
Пресудата не е правосилна, бидејќи може да се поднесе жалба до највисоката судска инстанца на Европската унија.
Минатата недела, со посебна пресуда на Судот на правдата на ЕУ беше отфрлена жалбата на Google и нејзината матична компанија Alphabet против казната од 2,4 милијарди евра, наметната од Европската комисија во 2017 година.
Комисијата потоа го казни Google за злоупотреба на неговата доминантна позиција во онлајн пребарувањето и обвини дека американската фирма претпочитала сопствена шопинг услуга пред конкурентите.
Поврзани артикли