Големите кинески онлајн продавници веќе нудат попусти на различни модели од серијата iPhone 16.
Така, iPhone 16 Plus 512GB е со попуст од 10%, додека iPhone 16 Pro Max е со попуст од 4%. Со овие попусти, најверојатно, трговците сакаат да ја стимулираат побарувачката на пазар каде што iPhone се соочува со жестока конкуренција.
Значаен фактор што дополнително придонесува за намалената побарувачка е доцнењето на функциите на вештачката интелигенција на серијата iPhone 16 во Кина. Тие доаѓаат на англиски следниот месец, но кинеската поддршка би требало да пристигне дури следната година.
Apple слабее во Кина, за што сведочат податоците – неодамна дури и испадна од Топ 5 продавачи на паметни телефони, ако се земат предвид кварталните испораки.
И покрај овие предизвици, тие не се откажуваат од својата ценовна стратегија, но конкуренцијата како Huawei или други кинески телефони ќе им го отежне бизнисот во иднина.
Поврзани артикли