На крајот на 2023 година, Google објави дека ќе ги избрише сметките на Gmail кои не се користени повеќе од две години, објаснувајќи во тоа време дека овие мерки се неопходни за заштита на корисниците од безбедносни закани како што се спам, кражба на идентитет и хакирање на сметки.
Старите сметки се поранливи
Внатрешната анализа на Google покажа дека старите сметки имаат многу поголема веројатност да бидат компромитирани поради застарени или повторно употребени лозинки и десет пати помала е веројатноста да имаат поставено двофакторна автентикација.
За сметката да се смета за неактивна, корисниците не смеат да бидат најавени на неа преку некоја од услугите на Google како што се Gmail или Google Photos.
Google испраќа пораки со предупредување за корисниците пред да ги избришат нивните сметки и објаснува дека корисниците треба да ги проверат своите стари сметки за да видат дали добиле слично предупредување.
Како да ја задржите старата сметка?
Ако сакате да ја задржите вашата сметка, постојат три едноставни чекори што можете да ги преземете за да ја одржите активна.
Првиот е да прочитате или испратите е-пошта на сметката, така што Gmail ќе покаже дека сè уште сте таму и ја користите. Вториот е да споделите фотографија или да гледате видео на YouTube додека сте најавени на сметката на Google што сакате да ја задржите, а третата е да користите Google Drive или Google Search додека сте најавени на сметката.
Спроведувањето на кој било од овие три чекори барем еднаш годишно треба да обезбеди дека вашата сметка е безбедна од бришење.
Поврзани артикли