Apple го претстави својот најнов паметен часовник, Watch Series 10, кој го красат некои новитети, како и Watch Ultra наменет за спортистите.
Apple Watch Series 10 го доби најголемиот екран од сите паметни часовници на Apple досега. Покрај ова, е покомпактен и потенок.
Паметниот часовник е тенок само 9,7 милиметри, а тенкиот и похармоничен дизајн е постигнат благодарение на заобленото стакло. Дисплејот е од типот OLED и овозможува повеќе светлина под агли.
Apple Watch Series 10 announced with bigger screen and thinner design https://t.co/xYPC7HZ8zw
— The Verge (@verge) September 9, 2024
Дисплејот се ажурира еднаш во секунда кога е вклучен always-on режимот, што е голем скок од секоја минута од претходната серија на часовници.
Паметниот часовник има нова позадина или „watchface“ наречен Flux. Има нов алуминиумски финиш, додека новата боја е Glossy Black.
Системот на звучници е целосно редизајниран и е за 30% помал, додека музика и подкасти може да се репродуцираат преку звучниците.
Во новиот метален заден дел се сместени различни антени, вклучително и целуларна. Часовникот е водоотпорен до длабочина до 50 метри.
На корисниците ќе им биде многу важно што Watch Series 10 може да се наполни за само 30 минути.
Apple Watch Series 10 is available for pre-order today starting at $399 and will be available on September 20th. #AppleEvent pic.twitter.com/7SdM9rf1hb
— Engadget (@engadget) September 9, 2024
Кога станува збор за функциите и поддршката, Apple Watch Series 10 има голем број корисни опции, благодарение на платформата watchOS 10.
WatchOS 10 носи попаметни „смарт“ функции, подобра апликација Photos во апликација за превод.
Apple го претстави и Watch Ultra, кој повеќе е наменет за спортско ориентирани корисници и ги следи сите важни параметри при физичка активност.
Часовникот сега доаѓа и во нова црна боја.
Instead of an Apple Watch Ultra 3, it looks like we're getting a "gorgeous satin black" finish. The "deep dark finish" is "extremely scratch-resistant and durable," Ng says. #AppleWatch pic.twitter.com/SyNw8Wpeq2
— Engadget (@engadget) September 9, 2024
Apple Watch Series 10 има цена од 399 долари (GPS) или 499 долари (GPS + целулар) и ќе биде достапен од 20 септември.
Watch Ultra ќе биде достапен за 799 долари, исто така од 20 септември.