Google ја претстави најновата серија на своите телефони Pixel, а ова се нивните цени во Европа.

Официјално беше претставена најновата линија на телефони Google Pixel 9, а Google ги објави и цените по региони каде ќе се продаваат овие уреди.

Кога станува збор за Европа, познати се цените за Германија, Холандија и Велика Британија.

Интересно, во Германија, клиентите добиваат повеќе простор за основната цена за сите уреди со Pixel 9, вклучувајќи го и Pixel 9 Pro Fold.

Така, Google Pixel 9 во варијантата 12/128GB ќе чини 899 евра, додека моделот со 12/256GB ќе чини 999 евра. Цената за Google Pixel 9 Pro е 1099 евра (16/128GB), 1199 евра (16/256GB) и 1329 евра (16/512GB).

Кога станува збор за Google Pixel 9 Pro XL, тој ќе биде достапен во четири варијанти на меморија и складирање, по цени од 1199, 1299, 1429 и 1689 евра за варијанти од 16/128GB, 16/256GB, 16/512GB и 16GB/1TB. .

Конечно, Pixel 9 Pro Fold ќе чини 1899 и 2029 евра за варијанти со 16/256GB и 16/512GB меморија и складирање.