Ко-основачот и извршен директор на популарниот интернет форум Reddit, Стив Хафман најави одредени промени.
Тој им рече на инвеститорите дека компанијата ќе тестира пребарување базирано на вештачка интелигенција (AI) оваа година за да ги сумира и препорача содржините на корисниците.
Според него, на овој начин корисниците повеќе ќе ја истражуваат содржината на форумот и ќе откриваат нови Редит заедници кои ги интересираат, пренесува „Tech Crunch“.
Компанијата ќе користи и своја технологија и технологија од трета страна за новата функција, додаде Хафман.
Reddit претходно објави партнерство со компанијата за развој на вештачка интелигенција Open AI во мај, со што форумот доби пристап до моделите на големи јазици (LLM), а Open AI доби право да ги обучува своите системи за вештачка интелигенција на материјалите на Reddit.
Сличен договор беше постигнат и со компанијата Google, а Хафмен неодамна ги повика Microsoft и другите компании исто така да платат за податоците.
„Без такви договори немаме информации за тоа како се прикажуваат нашите податоци и за што се користат, па сега мораме да блокираме компании кои не се согласуваат со нашите услови“, рече Хафман.
Тој конкретно ги повика компаниите Microsoft, Anthropic и Perplexity, кои, според него, одбиваат да преговараат за користење на податоците од Reddit.
Reddit, наводно, почнал да блокира веб-прелистувачи од компании со кои нема договор за податоци, па резултатите од пребарувањето се видливи на Google, но не и на Bing.
Се повеќе традиционални медиуми бараат од компаниите да платат за да ја користат нивната содржина за обука на модели со вештачка интелигенција, пишува The Verge.
Мислам дека традиционалната улога на пребарувачот е променета и таа сега се користи за сумирање на податоци и обука на вештачката интелигенција, а ние треба да одговориме на овие промени, додаде Хафман.
Поврзани артикли