Google неодамна ги подобри безбедносните барања за Chrome, со цел подобро да ги заштити корисниците од малициозен софтвер.
Ова треба да ја зголеми безбедноста на корисниците, но во исто време, некои добро познати и корисни екстензии на Chrome ќе мора да го напуштат овој прелистувач.
Меѓу нив е и една од најпопуларните екстензии за блокирање реклами – uBlock Origin, која наскоро повеќе нема да биде достапна за корисниците, иако според податоците од Веб продавницата, ги има околу 34.000.000.
Кога оваа екстензија ќе се отвори во веб-продавницата на Chrome, само вели дека наскоро ќе стане недостапна бидејќи „не ги следи сите упатства поставени од Chrome“.
Google се префрла на платформата Manifest V3 наместо на Manifest V2, а uBlock Origin нема да може да го следи тоа, барем како што стојат работите засега. Наместо тоа, на корисниците им се предлага да се префрлат на uBlock Origin Lite.
Поврзани артикли