Овој потег може да го намали спамирањето на платформата.
Платформата X развива нова функција која може да помогне во борбата против спам на оваа страница.
Независниот истражувач на апликации Нима Овџи откри неколку функции за платформата X во минатото, а сега тој тврди дека X работи на функција за оневозможување на објавување линкови во одговорите на твит.
X is working on the ability to let you disable links in the replies of your posts! pic.twitter.com/dddP0a8l5w
— Nima Owji (@nima_owji) July 19, 2024
Корисниците ќе можат да ја чекираат опцијата доколку не сакаат луѓето да одговараат на нивните објави користејќи линкови.
Оваа функција беше потврдена и од Кристофер Стенли, виш директор за безбедносно инженерство во X. „Мојот тим го создаде ова“, одговори тој во објава на платформата.
My team built this.
— Christopher Stanley (@cstanley) July 19, 2024
Покрај тоа што може да спречи ботови, функцијата може да ги спречи вистинските корисници да ги промовираат своите сајтови во објавите на другите луѓе. Меѓутоа, во исто време, може да ги спречи корисниците да објавуваат линкови до легитимни извори доколку сакаат да спречат ширење на лажни информации.
Поврзани артикли