Еден јутјубер најде начин како да ја користи „тајната рендген камера“ на својот телефон.
Јутјуберот Максвел Лу направи клип од себе користејќи го CMF Phone 1, неодамна лансиран телефон, а започна велејќи дека не знае за што служи вториот објектив на задната страна.
„Имаме проблем“, вели Лу на почетокот на видеото и набрзо покажува како го снимал далечинскиот управувач со капакот, а на екранот на телефонот, како рендген, можеле да ги видите батериите во далечинскиот.
Ко-основачот на компанијата Nothing, која го направи CMF Phone 1, објасни како тоа е можно.
„Имаме едни од најпаметните корисници во светот и фер е да се каже дека нашата популарност добива големо внимание“, напиша Акис Евангелис во објавата на Твитер.
„На пазарот има стотици милиони сензори, а овој корисник отиде чекор понатаму и пристапи до сензорот за длабочина со помош на апликација од трета страна во режим на развивачи, со што постигна ефект на транспарентност“, додаде Евангелис.
At Nothing, we have some of the most knowledgeable and crafty users in the world. It's also fair to say that our popularity attracts a lot of scrutiny. Ultimately, this drives continuous improvement, benefiting users – so we see it as a good thing.
In this case, while hundreds… https://t.co/fPxB8Xg0Vu
— Akis Evangelidis (@AkisEvangelidis) July 13, 2024
Тој објасни дека нивниот сензор нема филтер за инфрацрвена светлина, што ја зголемува можноста за примање светлина и дека поради тоа понекогаш може да се создаде ефект како да гледа низ предмети, особено кога тие се тенки, полутранспарентни или кога изработени се од црн акрилен материјал.
Тој, сепак, додаде дека до ова не може да се пристапи без помош на некои апликации од трети страни.
Поврзани артикли