Премиерата на серијата iPhone 16 најверојатно се очекува во септември, како и секоја година, но на социјалните мрежи веќе се појавија првите фотографии.

Според објавата на Твитер на корисникот по име Сони Диксон, новата серија на iPhone ќе доаѓа во четири бои.

Освен што доаѓа, како и неговиот претходник, во боите Natural Titanium, White Titanium и Black Titanium, iPhone 16 ќе доаѓа и во боја која најдобро би ја опишале како бронзена.

За прв пат од моделот iPhone XS 2018, iPhone 15 немаше златна боја, а се чини дека тоа ќе продолжи и во понудата на новата линија.

Токму поради ова, твитерџиите го изразија своето незадоволство, велејќи дека боите се здодевни, дека Apple не вовел никаков новитет и дека сакаат „вистинска“ златна боја, наместо „бронзена“.