Откако спречи напад на концерт на Тејлор Свифт, Нехамер повикува на поголема контрола на комуникациите.
Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека австриските разузнавачки агенции треба да имаат поголеми овластувања да ги следат комуникациите преку апликации за пораки за да ги спречат и запрат екстремистите.
„Навистина треба технички да ги подобриме нашите агенции за да можат да се справат со терористите и организираниот криминал“, рече Нехамер во интервју за Билд, откако беше спречен планираниот напад на концертот на американската пејачка Тејлор Свифт во Виена.
Според него, клучно е сервисите за пораки како WhatsApp, Signal и Telegram да можат да се дешифрираат за потребите на надлежните безбедносни служби, со судски надзор и почитување на владеењето на правото, пренесува Reuters.
Нехамер изјави дека Австрија добила информација за планираниот напад на концертот на Свифт од странска разузнавачка служба.
Три концерти на Тејлор Свифт беа откажани откако австриските власти дознаа за планот да се изврши напад инспириран од Исламската држава на стадион со десетици илјади нејзини обожаватели.