Турскиот суд нареди апсење на жена под обвинение – поттикнување омраза и навреда на претседателот на земјата, Реџеп Таип Ердоган, бидејќи ја забрани употребата на платформата Инстаграм, весникот Хабертурк и други медиуми.
Турција го блокираше пристапот до Инстаграм на 2 август поради непочитување на „законите и правилата“ на земјата, а забраната беше укината откако платформата се согласи да соработува со властите, пренесува Ројтерс.
Во интервју објавено на канал на YouTube доденак Инстаграм сè уште беше забранет, жената која беше уапсена, беше една од неколкуте минувачи кои беа прашани што мислат за забраната.
„Тоа е погрешно. Претседателот не може да го забрани Инстаграм како што сака“, рекла жената, а покрај претседателот Ердоган ги критикувала и оние кои ја поддржале забраната.
Апсењето, наредено од локалниот суд во западниот град Измир, дојде откако директорот на турската телевизија РТУК ги критикуваше уличните интервјуа емитувани на социјалните мрежи, велејќи дека тие „манипулираат со јавното мислење“.
Забраната на Инстаграм уследи откако висок турски функционер го обвини Инстаграм дека блокира објави во кои се изразува сочувство за убиството на политичкиот водач на милитантната група Хамас, Исмаил Ханије.