Instagram воведе промена која можеби на многумина ќе им се допадне.

Отсега корисниците можат да објават до 20 фотографии во една објава или двојно повеќе од претходно. Со оваа бројка, објавите на Instagram би можеле да ги заменат фотоалбумите на Facebook, кои речиси веќе не се користат бидејќи се помалку луѓе користат Facebook, пишува Mashable.

Новото ажурирање на Instagram е уште повеќе слично на објавување фотографии на TikTok.

Објавувањето фотографии во форма на таканаречен рингишпил/carousel (прикажување повеќе слики во една објава) станува сè попопуларно, па на многу корисници на Instagram може да им се допадне оваа промена.

На X се појавија многу коментари за новото ажурирање. Некои велат дека е одлично што сега можете да објавите 20 фотографии во една објава, додека други сметаат дека тоа е премногу.

За потсетување, carousel форматот на објави на Instagram за сите корисници се појави во 2017 година, но тие беа ограничени на 10 фотографии.

Instagram истражува дополнителни функции на carousel форматот, како што е можноста да се отстрани само една фотографија од низата или да се додаде музика на објава.