Компанијата Nvidia почна да работи на нова верзија на премиум AI чипови, кои ќе бидат пласирани на кинескиот пазар.
Извештаите сугерираат дека новите Nvidia чипови ќе бидат компатибилни со тековните контроли за извоз наметнати во САД.
Nvidia планира да започне со масовно производство на Blackwell серијата чипови, кои беа објавени во март, кон крајот на оваа година.
Бидејќи станува збор за понапредни чипови со вештачка интелигенција, извештаите споменуваат дека тие значително ги подобруваат задачите што вклучуваат вештачка интелигенција. Така, моделот B200 нуди и до 30 пати подобри и побрзи резултати во некои дејства, како што е одговорот од страна на роботот и слично.
Еден од главните дистрибутери на компанијата во Кина е Inspur, со кого работи на лансирање и дистрибуција на чипот со кодно име B20.
Се очекува Nvidia да испорача чипови со вештачка интелигенција во вредност од 12 милијарди долари само во Кина во 2024 година, иако се соочува со тешки контроли за извоз наметнати од американската администрација.