Објавен е најновиот трејлер за Tekken 8, кој ни дава поглед на враќањето на легендарниот лик од серијата.

Tekken 8 е најновата игра во легендарната франшиза, развиена од Bandai Namco.

Играта беше објавена во јануари, но многу фанови беа разочарани што легендарниот лик Хеихачи Мишима не беше присутен во неа од самиот почеток.

Мишима е во игрите на Tekken уште од првиот наслов, а отсуствуваше само на лансирањето на „осумката“. Но, сега се враќа.

Хеихачи Мишима доаѓа како дел од Season 1 Pass за Tekken 8 оваа есен.

Tekken 8 е достапен за платформите PlayStation 5 (PS5), Xbox Series X|S и PC (Steam).