Шпанскиот регулатор (CNMC) објави дека отворил истрага за да утврди дали условите на Apple за развивачите на апликации што се продаваат во App Store ги прекршуваат прописите за еднаква пазарна конкуренција.
Apple можеби им понудил на програмерите различни комерцијални услови, се сомневаат во CNMC.
Дискриминацијата претставува многу сериозно прекршување на законот за пазарна конкуренција и носи казни кои можат да достигнат и до 10 отсто од глобалниот приход на компанијата, потсетува регулаторот.
Apple го негира ова обвинение.
„Шпанските програмери, големи и мали, се натпреваруваат во App Store под еднакви услови“, се вели во соопштението на компанијата, додавајќи дека ќе продолжи да работи со регулаторот за „да ги разбере неговите сомнежи и да понуди одговор“.
Регулаторната истрага во Шпанија следи по две истраги на Европската комисија. Брисел сака да утврди дали Apple го прекршил законот за дигитални пазари, кој на помалите компании им ги гарантира истите конкурентни услови како и големите. Тие посебно ги проверуваат новите такси на Apple за развивачите на апликации.
Во март, ЕК изрече казна од 1,84 милијарди евра на Apple, откривајќи дека американскиот гигант ја блокирал конкуренцијата во стриминг музика со ограничувања на App Store. Тоа беше првата парична казна што Брисел и ја изрече на Apple за кршење на прописите, забележува Ројтерс.