По првиот тизер, Realme сега го потврди датумот кога ќе ја претстави својата технологија за полнење од 300 W.
Компанијата Realme ќе ја претстави својата технологија за најбрзо полнење телефон на 14 август, за време на настан во Кина.
Технолошкото достигнување ќе го претставува следниот чекор во овој сегмент, а пристигнува откако истата компанија претстави стапка на полнење од 240 W во февруари 2023 година.
realme 300W fast charging technology will officially be announced on August 14th.#realme #300W pic.twitter.com/4YxD3lu1P1
— Mukul Sharma (@stufflistings) August 8, 2024
Сепак, останува да видиме дали новата технологија ќе ја видиме комерцијално достапна. Брендот Redmi на Xiaomi најави слична технологија пред речиси 18 месеци, но по година и половина сè уште не е достапна за комерцијални производи.
Во моментов, Realme го држи рекордот за најбрзо полнење за комерцијални телефони. GT Neo 5 беше лансиран во Кина со поддршка за брзо полнење од 240 W и пристигна на светските пазари како Realme GT3.
Realme за гореспоменатиот полнач ветува дека ќе ги полни телефоните од нула до 100% за помалку од 10 минути.
Поврзани артикли