Мапите се достапни во бета верзија и работат само на ограничен број уреди и прелистувачи.
Apple Maps ја проширува својата достапност надвор од самата апликација. Како и Google Maps, услугата сега е достапна за веб, но засега само во бета форма.
На почетокот има некои ограничувачки фактори, така што достапноста ќе се разликува во зависност од регионот, а Мапите се достапни само на англиски јазик.
Може да се пристапи до Apple Maps од прелистувачите Safari и Chrome на уредите Mac и iPad. Корисниците на компјутери со Windows можат да пристапат до услугата од прелистувачите Chrome и Edge.
Apple вели дека ќе го подобри веб-искуството, вклучувајќи додавање на повеќе јазици, уреди и прелистувачи со текот на времето.
Веб верзијата на Apple Maps вклучува упатства, водичи, прегледи и други корисни информации. Има и акции како нарачување храна. Во наредните месеци ќе се додадат и други функции, како што е Look Around (слично на Street View).