Дневните оперативни трошоци на OpenAI за одржување на ChatGPT се проценуваат на 700.000 американски долари, а тоа ќе се зголеми во иднина како што моделот станува понапреден.
Клучниот играч во секторот за вештачка интелигенција и компанијата зад популарниот ChatGPT, OpenAI, може да изгуби околу пет милијарди долари оваа година.
Според извештајот на веб-страницата The Information, OpenAI би можел да биде на работ на банкрот до крајот на годината со можност да остане без пари во следната година. Дневните оперативни трошоци на OpenAI за одржување на ChatGPT се проценуваат на 700.000 американски долари, а овие трошоци се очекува да се зголемат како што моделот напредува.
Исто така, се предвидува дека OpenAI ќе потроши околу 7 милијарди долари за обука на модели со вештачка интелигенција и дополнителни 1,5 милијарди долари за вработување во 2024 година. Ова се бројки кои далеку ги надминуваат проценетите трошоци на конкурентите. Патем, OpenAI добива околу 2 милијарди долари годишно од ChatGPT и дополнителни 1 милијарда долари од надоместоците за пристап до LLM, што не е доволно за покривање на оперативните трошоци на компанијата.
OpenAI досега има поминато седум круга на финансирање, собра над 11 милијарди долари и моментално се проценува на 80 милијарди долари.
Поврзани артикли