Експертите за безбедност повторуваат дека лозинките треба да се чуваат на безбедно место, а прелистувачите, колку и да се погодни, не се баш најбезбедни.
Грешка во прелистувачот Chrome предизвика милиони корисници ширум светот да ги загубат своите лозинки. Како што соопштија од Google, поради грешка во верзијата M127 на прелистувачот Chrome, корисниците кои користат Chrome во Windows не можеле да ги видат зачуваните лозинки, но не можеле да зачуваат ниту нови.
Со оглед на тоа колку лозинки користи просечниот корисник дневно и фактот што повеќето од нив ги зачувуваат во прелистувачот, за да им се на дофат, ова беше голем проблем за многумина.
Официјално, проблемот настанал поради „промена на однесувањето на производот без соодветна заштита“, што всушност не кажува ништо конкретно освен што Google не ги проверил работите пред објавувањето.
Сепак, додаваат дека грешката е исправена и лозинките им се вратени на корисниците. Ако некој сè уште не може да ги види зачуваните лозинки, решението е едноставно (и целосно во склад со ИТ практиката) – само исклучете го и повторно вклучете го Chrome.
Иако Google не откри колку корисници всушност биле погодени од оваа грешка, се проценува дека бројката е околу 15 милиони. Имајќи предвид дека Chrome, според последните информации, го користат околу три милијарди луѓе, овие 15 милиони не изгледаат како толку голема бројка. Но, ако сте биле еден од нив, сигурно не ви било сеедно.
Експертите за безбедност повторуваат дека лозинките треба да се чуваат на безбедно место, а прелистувачите, колку и да се погодни, не се баш најбезбедни. Затоа би било паметно да користите посебна апликација за зачувување лозинки или да се потпрете на добра, стара хартија и пенкало. И секако, чувајте ја таа листа на безбедно место.