Имаме нова статистика за резултатите од продажбата на играта Terraria и уште една потврда за нејзиниот успех.
Според неодамнешната статистика, продадени се 58,7 милиони примероци од Terraria, што ја прави осмата најпродавана игра на сите времиња.
Дури и го надмина оригиналниот Super Mario Bros од 1985 година, па е единствената indie игра во топ 10-те најпродавани игри во историјата.
Најголем придонес за ваквите високи продажни резултати имаат компјутерските плеери, каде што се продадени повеќе од 32 милиони примероци.
Terraria го постигна овој успех за 13 години, но не може да се каже дека продажбата се намалува како што играта старее.