Интел продава 13-та и 14-та генерација процесори кои откажуваат 100% од времето, тврди една компанија.
Ова смело тврдење го даде Alderson Games, издавач на видео игри.
Велат дека ова првично важело само за десктоп компјутерите, но дека проблемот подоцна бил забележан и кај лаптопите, иако во помала мера.
Alderson Games објави на Reddit дека проблемот се чини дека е пораспространет отколку што првично се појави.
Експертот во оваа област Иан Катрес ја коментираше целата ситуација на својот Твитер профил, пишувајќи дека „деградацијата на чипот изгледа е симптом, а не причина“, а всушност нешто друго тргнало наопаку.
За среќа, Интел работи на поправка на оваа грешка и се надеваме дека наскоро ќе биде објавена закрпа која ќе ги спаси процесорите на луѓето.