Интеграцијата на GTA VI во светот на франшизата започна.

Имено, дошло до ситуација кога играчите забележале дека Rockstar вметнал ланче од GTA VI во GTA Online.

Ова парче накит е пронајдено кај еден од женските ликови во, да речеме, впечатлив кадар.

Станува збор за тоа дека GTA Online неодамна доби ажурирање наречено Bottom Dollar Bounties.

Овој апдејт не носи ништо посебно што би го издвоиле како интересно, освен овој ѓердан кој ни кажува дека „зад сцената“ се се случува и се работи на промоција на играта GTA VI.