Руската борбена група Днепар разви нов дрон со име Перун.
Дронот е способен да носи тешки товари, се користи за извидување или операции за пребарување и спасување, вклучително и евакуација на ранетите и повредените.
„Брза испорака на тежок товар, извршување на функцијата на извидници, извршување операции за пребарување и спасување, вклучително и евакуација на повредени и ранети, како и таргетирање на непријателот. Денес сето тоа може да се направи со еден уред“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.
The unique heavy attack transport drone "Perun", capable of dropping troops behind enemy lines, was developed by the Dnepr group of troops. The newest UAV operates on Russian software. It is capable of quickly delivering heavy loads weighing up to 200 kg, conducting… pic.twitter.com/83Dw2J9VcU
— Иван (@OGflattrackerZ) June 17, 2024
Според Министерството, дронот работи на руски софтвер и може да носи товар тежок до 200 килограми, пренесе руската агенција Тасс.
„На полигонот веќе се тестирани борбените способности на дронот. На беспилотното летало „Перун“ е поставена противтенковска наведувана ракета, која е истрелана прво од земја, а потоа и од воздух“, се посочува.
„Покрај противтенковската ракета, Развојниот тим планира да тестира и митралез и систем за лансирање на неводени воздушни ракети“, се вели во соопштението на министерството, додавајќи дека „Перун“ ќе го користат сите единици во Украина.