OpenAI презеде акција за да ги блокира корисниците во Кина да користат ChatGPT.
OpenAI планира да ги блокира корисниците во Кина доколку сакаат да користат ChatGPT.
Услугата не е официјално достапна во Кина, но корисниците и програмерите можат да пристапат до неа преку API на компанијата.
Сега медиумите од Кина известуваат дека OpenAI започна да испраќа е-пошта до корисниците во Кина, што укажува на плановите да го блокира пристапот до ChatGPT од 9-ти јули.
Иако услугите на OpenAI се достапни во повеќе од 160 земји, Кина не е меѓу нив. Според упатствата и условите за користење на компанијата, корисниците кои се обидуваат да пристапат до производите на OpenAi во неподдржани земји може да бидат блокирани или суспендирани – иако компанијата досега експлицитно не го сторила тоа.
Засега не е познато зошто OpenAI се одлучи на овој потег, иако тоа се совпаѓа со притисокот што доаѓа од Вашингтон, а се однесува на ограничување на кинескиот пристап до најсовремените технологии кои се развиваат во САД.