Шпанска компанија се надева дека ќе биде првата што ќе испрати патници до работ на вселената користејќи џиновски балон.
Компанијата EOS-X Space од Севиља објави дека е при крај со изградбата на „капсулата со седум патници прикачена на балон исполнет со водород“.
Тие додадоа дека комерцијалните летови, откако капсулата ќе биде готова, треба да тргнат од базите во Севиља и Абу Даби во третиот квартал на следната година.
Компанијата ќе инвестира повеќе од 213 милиони евра во инженеринг и развој во двете земји.
Капсулата од јаглеродни влакна наводно ќе може да превезува седум патници и еден пилот на надморска височина од околу 40.000 метри.