Што мислите за забрана на мобилни телефони во училиштата?
Во Кипар одлучија дека тоа е правилна одлука, па забраната ќе стапи на сила по дискусиите во парламентот.
Како што рече тамошната министерка за образование, Атина Михаелиду, „телефоните премногу го одвлекуваат вниманието на учениците и водат кон асоцијално однесување“.
Кипар ќе воведе забрана како неколку европски земји кои веќе го направија тоа според препораките на Агенцијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), додаде таа, пренесува Ројтерс.
„Јасно е дека употребата на мобилни телефони им го одвлекува вниманието на учениците на часовите, но првенствено тоа е поврзано со зголемувањето на асоцијалното однесување“, истакна Михаелиду.
На учениците нема да им се забранува да носат телефони на училиште, но нема да можат да ги вклучат, рече таа.