Гејмерите ги очекува возбудливо лето, а AMD се подготвува да им понуди значителна надградба во областа на процесорите.
Серијата процесори Ryzen 9000 ќе биде лансирана во јули, а ова се првите десктоп чипови со новите јадра на процесорот Zen 5.
Сепак, сегашните Ryzen 7000 X3D процесори ќе останат побрзи кога станува збор за игри, иако тоа се очекува да се промени кога првите Ryzen 9000 X3D процесори ќе пристигнат малку подоцна.
AMD беше малку воздржан кога станува збор за споделување информации за перформансите и споредување на претстојните процесори базирани на Zen 5 со серијата 7000 X3D на AMD. Осум-јадрениот Ryzen 7 7800X3D е популарен избор меѓу корисниците, а причината се исклучителните перформанси за играње и малата потрошувачка, а процесорот во некои сценарија ја надминува дури и серијата Core i9 на Intel.
Во интервју за Tom’s Hardware, AMD потврди дека Ryzen 7000 X3D сè уште останува најдобар процесор за игри.
Така, гејмерите го имаат на располагање процесорот Ryzen 7800X3D, кој сè уште е водечки процесор за игри, барем додека моделот Ryzen 9800X3D не пристигне на пазарот.