TikTok тестира функција по која Snapchat е надалеку познат – станува збор за „streak“.
TikTok потврди дека го тестира ова, но не даде никакво официјално соопштение, освен податокот дека тестот се одвива „на ограничен пазар и со избрани корисници“.
Y'all don't got TikTok streaks like dis 😝😝😝 pic.twitter.com/LnZc8jAvub
— Buzz 🎂 10 DAYS 🎂 (@trollsbuzz) June 6, 2024
Правилата се едноставни: со некого треба да се допишувате три дена по ред, а после тоа добивате ознака „streak“ во четот, покрај тоа колку денови ви трае преписката.
Во последните неколку дена, дел од корисниците споделија на социјалните мрежи дека имале „streak“ на TikTok, а низата завршува кога ќе поминат повеќе од 24 часа од последната порака.
Секако, оваа функција е карактеристична за Snapchat и поради неа е најпопуларна, толку што минатата година апликацијата воведе можност корисниците да плаќаат и паузираат, за да не ги изгубат сите „оганчиња“ што ги собираат со некој.
Дали оваа опција веќе се појави на вашата сметка на TikTok?
Поврзани артикли