Дали користите Microsoft Edge?

Големи се шансите одговорот на претходното прашање да биде „не“, но тоа не значи дека овој прелистувач нема свои обожаватели ширум светот кога станува збор за десктоп компјутерите.

Во новиот извештај на компанијата Statcounter пишува дека во мај Microsoft Edge го достигна својот нов рекорд – 13,14% корисници од вкупниот примерок, со што стигна до второто место на најпопуларни прелистувачи.

Малку е веројатно дека ова ќе стане најпопуларниот прелистувач во светот во блиска иднина – веројатно својот успех делумно го должи на агресивната кампања на Microsoft да ги „вози“ корисниците кон него.

Што се однесува до останатите резултати, Google Chrome останува неприкосновен на првото место (64,87%), Edge е втор, како што рековме, а Apple Safari е трет (8,79%).

Топ 5 го комплетираат Mozilla Firefox (6,64%) и Opera (3,23%).