Дали користите Wi-Fi кога сте на јавно место?
Лесно достапни Wi-Fi мрежи се насекаде околу нас – во аеродроми, хотели, спортски сали, ресторани… сепак, иако се погодни за користење, тие претставуваат сериозен безбедносен ризик.
Антивирусната компанија McAfee советува како да се заштитите од измами, особено кога одите на патување.
Лесно е да се пресретнат податоците што се пренесуваат преку овие јавни Wi-Fi мрежи, па затоа најдобро е да избегнувате пристап до чувствителни работи како банкарски сметки и слично.
Исто така, се препорачува да користите VPN секогаш кога е можно, чисто за дополнителна безбедност.