Бананата е нов хит на Steam платформата.

Ова не е комплицирана работа – тоа е игра каде што единствената цел е да кликнете на бананата на екранот што повеќе пати.

Иако звучи бесмислено, постои финта – можете да заработите пари од оваа банана.

Имено, во текот на играта, малку по малку, добивате посебна банана во Steam Inventory, но не можете да ја искористите на никаков начин, освен да ја продадете на колекционер.

Некој што користи Steam и би ви платил вистински пари за обична банана? Изгледа чудно, но не е почудно од NFT, а според статистиката дури 467.000 играчи се вклучени во играта со банана.

Сè на сè, ако ја продадете, парите одат во вашиот паричник на Steam и можете да ги користите за што било друго на платформата, така што не штети да се обидете ако имате доволно време.